Водителката од Сител телевизија, Владанка Крстевски, неодамна го прослави својот 33-ти роденден на еден незаборавен начин, во друштво на своето семејство, далеку од секојдневната динамика на студиото.
Сопругот ѝ приреди специјално изненадување, па заедно со синчето се упатија кон волшебната Барселона.
На својот роденден, Владанка не криеше колку е среќна и благодарна: „Стварно е многу лесно да се вљубиш во животот кога си опкружен со вакви луѓе! Ви благодарам на сите бескрајно што новото патување околу сонцето ми го правите уште поспектакуларно од претходното! Фала ви за секој збор, за секоја убава мисла“.
Таа сподели и момент на семејна љубов и поддршка: „Се држиме за рака, дечки, и во најсилна бура. Влези 33-ка - спремна сум за нови убавини и предизвици!“
Од улиците на Барселона, Владанка уживаше во сонцето, магијата на градот и уметничката инспирација на Гауди: „Се шетаме, се релаксираме и уживаме во сонцето. Барселона е прекрасна, Гауди е неверојатен, а на овие улици се чувствува вистинското значење на живеењето. Животот е навистина најголемо уметничко дело“.
Со ова патување, Владанка не само што го прослави роденденот, туку и ја потврди својата филозофија за животот - да се живее со полни гради, опкружен со љубов, убавина и моменти што оставаат траен впечаток.
Автор: Ц.Н.












