Убавата адвокатка ги воодушевила присутните во својата вила на езерото Комо, појавувајќи се во маслинест фустан којшто предизвикал воодушевување.
Популарната адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни, Амал Клуни, привлекла внимание и вистинско воодушевување на социјалните мрежи.
На фотографиите објавени на социјалната мрежа Инстаграм можевме да ја видиме Амал во прекрасен фустан на преклоп, со изразено деколте кој совршено ја истакнал нејзината витка линија.
Својот изглед адвокатката го надополнила со златни обетки, а косата ѝ била брановидно стилизирана. Покрај, неа, како што веќе навикнавме и овојпат се наоѓал нејзиниот сопруг Џорџ Клуни којшто исто така бил совршено стилизиран.
За оваа прилика актерот избрал да носи сив костум и лежерна кошула.
Моќниот пар организирал приватен собир во својата вила за езерото Комо, во состав со годишното доделување на наградите „Албиес“ кои нивната фондација ги приредува на 26 септември.
Просторот бил раскошно уреден, со свечени маси и удобни лежалки со поглед кон езерото.
Нивната фондација се занимава со теми кои исчезнале од насловните страници, но и натаму се проблем во општеството, од истрага на разни злосторства во Украина, преку следење на наместени судења на новинари и жени, до борба против глобалниот бран на авторитаризмот.