Поточарката е едно од најстарите водни растенија кои се јадат, а кое луѓето со векови го одгледуваат поради неговите исклучително хранливи и лековити својства.
Нејзината историја потекнува од древните цивилизации, каде била ценета како природен извор на витамини и минерали.
Денес се смета за вистинска суперхрана затоа што содржи мноштво антиоксиданти, витамини и соединенија корисни за здравјето.
Ова растение расте во сенка, на ладни места, па вкусот му е малку лут, со доза на свежина.
Кога поточарката ќе созрее, може да има интензивен вкус, а додека е млада – посвежа е и поблага.
Исто така таа е крцкава, па всушност затоа е одличен додаток на сите видови салати затоа што дава совршен вкус.
Таа со години се користи во кујната и во природната медицина, а нејзината свежина и богатство на нутриенти ја прават неизоставен додаток во јадењата и здравиот начин на живот.
100 од 100 – совршена оцена
Најголема нутритивна вредност ова растение има кога се консумира свежо.
Се бере од есен до пролет, додека е долга 10 до 15 сантиметри. По цветањето станува тврда и со интензивен вкус.
Може да се додава во салати, да се користи во супи или да се подготвува како спанаќ.
Поточарката има високо ниво на аминокиселини и антиоксиданти, а растението е оценето како најздраво на светот со 100 поени, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.