Чави Ернандес се уште чека на идеална прилика да им се врати на предизвиците како тренер, па во меѓувреме дефинитивно има простор повеќе за себе, семејството, но и да биде дел од некои настани.
Легендата на Барселона дефинитивно е еден од најдобрите играчи од средината на теренот во историјата на фудбалот, а тоа го докажуваат неговите изданија, улога, освоени титули како со Барселона така и со Шпанија.
Токму Чави доби интересна задача да проговори кога ќе чуе име кое е подобро од него, па така се наредија доста активни играчи, потоа и легенди како Пирло, Џерард, Лампард, Макелеле…се додека не се изговори Зидан по што Шпанецот се огласи.