Николо Ѕаниоло пред неколку години важеше за еден од најголемите италијански таленти, голема надеж на италијанскиот фудбал, меѓутоа по епизодата во Рома кариерата му се движи во надолна линија и во ниту еден клуб не успева да се прикаже во најдоброто светло.
Галасарај, Астон Вила, Аталанта и Фиорентина се тимовите во кои не се прослави, а сега го носи дресот на Удинезе каде денеск имаше едно неверојатно промашување против Кајлари.
Тој доби идеална топка од соиграчот и едноставно требаше да ја спроведе во мрежата на гостите, меѓутоа тој шутираше високо над голот.
Дуелот Удинезе-Каљари на крајот заврши без победник 1-1.