[ВИДЕО] Хит снимка! Вака изгледа кога фудбалер го моли судијата да не му покаже жолт картон

Точка

05/10/2025

14:57

1.161

Големина на фонт

а а а

МЛС лигата, позната по иновации и стремеж да привлече што поголем број гледачи ширум светот, неодамна воведе т.н. „Ref cam“ – камера што се носи на опремата на судијата и го снима натпреварот од негова перспектива.

Оваа технологија им овозможува на фановите да ја видат играта „од прво лице“, односно преку очите на арбитерот, а лигата редовно објавува најинтересни моменти од теренот.

Најновиот вирален момент се случил на натпреварот помеѓу Синсинати и Орландо Сити (1:1). Во 86-та минута, дефанзивецот на Орландо, Родриго Шлегел, направил прекршок пред својот шеснаесетник. Судијата Росендо Мендоса бил во непосредна близина и без двоумење посегнал по џебот, покажувајќи му жолт картон.

Ref Cam

Ref cam is pure comedy. 🤣

Posted by Major League Soccer (MLS) on Wednesday, October 1, 2025

Шлегел тогаш паднал на колена и почнал да го моли судијата на шпански јазик: „Не ми давај картон, ќе го пропуштам следниот натпревар! Ја допрев топката!“.

Сепак, апелот не вродил со плод и картонoт останал на сила.

Поради овој жолт картон, Родриго Шлегел нема да настапи на следниот натпревар на Орландо против Колумбус, закажан за 5-ти октомври. Снимката од неговото молење стана вистински хит на социјалните мрежи, а фановите уживаа во несекојдневната, забавна сцена.