Капело анализираше и ги посочи слабите страни на Јувентус и Милан пред дербито во Торино

Дерби

05/10/2025

16:34

269

Големина на фонт

а а а

Јувентус и Милан ќе го затворат шестото коло во италијанската Серија А и тоа со мечот кој е закажана за вечерва во терминот од 20:45 часот.

Ова е дуел кој е интересен поради повеќе причини и токму поради тоа со нетрпение го очекуваат навивачите на двете екипи, но и неутралните фанови.

Фабио Капело беше играч и тренер како на „бјанконерите“ така и на „росонерите“, па со своја анализа за јаките и слабите страни го најави дербито во Торино.

-Како треба Јувентус да ја нападне одбраната на Милан? Дефинитивно користејќи го талентот на Консеисao и Јилдиз, создавајќи што е можно повеќе ситуации еден на еден, каде што двајцата мали играчи на Јувентус можат да му го отежнат животот на противникот. Да бев Тудор, би ги охрабрил моите играчи да ги менуваат страните на нападот што е можно почесто, од лево кон десно, за да ја принудат противничката одбрана да се движи. Зошто велам од лево кон десно? Затоа што, според мене, дефанзивците на Милан се подобри на десната страна со Томори и Салемамеркс отколку на левата со Павловиќ и младиот Бартесаги.

-Не треба да се заборави дека ова е само втор старт на Бартeсаги во Серија А. Младите играчи на кои им недостасува искуство лесно можат да прават грешки во вакви важни натпревари. Затоа, да бев Тудор, би инсистирал на напади од таа страна, а во исто време би ги ограничил движења напред на Павловиќ, кои беа клучна сила против Наполи, -рече Капело и продолжи:

-Средниот ред на Милан има единствена способност: знае како да одржува рамнотежа и е екстремно брз во контранапади, смртоносен во своите движења во средината на теренот. И тука морам да го истакнам Рабио: тој беше играч на Јувентус долго време, но никогаш не сум го видел да игра на ова ниво! Мислам дека моментално е во најдобриот момент од својата кариера и фактот дека некогаш носел црно-бел дрес само дополнително ќе го мотивира. Рабио и Фофана имаат способност да трчаат во слободен простор, а Јуве покажа дека се мачат со ваквите карактеристики на противничките играчи.

-Не е неважно: Јувентус има големи проблеми со прекините. И кога некој како Модриќ изведува прекини, тогаш другата страна треба да има среќа. Корнерите и слободните удари во денешниот фудбал носат бодови“, нагласи дон Фабио.