[ФОТО] Ким Кардашијан изненади со драстичната промена на изгледот: Ја покажа новата фризура на ревијата во Париз

Точка

04/10/2025

19:34

890

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан изненади со драстичната промена на изгледот за време на појавувањето на модната ревија на „Мезон Марџиела“ во Париз.

Имено, Ким драстично го сменила својот стил и се појавила на модната ревија во Париз со пикси фризура. Нејзината долга коса, која беше нејзин заштитен знак со децении е заменета со кратка коса.

Стилот е очигледно инспириран од изгледот на француските икони како Лесли Карон и Одри Тоту. Нејзиниот фризер, Крис Аплтон, ја нарече трансформацијата „париски пикси“.


Инаку на ревијата на „Мезон Марџиела“, Ким носела сиво палто во комбинација со црн ѓердан со панделка, создавајќи софистициран и елегантен изглед.

Додека за ревијата на „Alaïa“ одбрала долг фустан без прерамки со структуриран корсет, во комбинација со црно крзнено палто, ракавици и сребрени обетки.


Со оваа трансформација, Кардашијан потсети на нејзината мајка, Крис Џенер, која често носи слична пикси фризура.