Доколку мора да внимавате на внесувањето шеќер во организмот, тоа не значи дека треба да се откажете од овошјето, па дури ни од домашните џемови.
Без оглед на тоа дали се обидувате да ослабнете или имате дијабетес или некој друг здравствен проблем поради којшто се грижите за внесувањето шеќер, кај џемот е клучно да го изберете вистинското овошје и засладувач кои нема да доведат до зголемување на гликозата во крвта по оброкот.
Најдоброто овошје за дијабетичари
Бобинките, како боровинки, малини, јагоди и капини, се сметаат за одличен избор за лица кои имаат дијабетес затоа што содржат малку шеќер, а богати се со растителни влакна и антиоксиданти.
Растителните влакна ги разградуваат јаглехидратите и апсорпцијата на гликоза во крвта, што помага во одржување на стабилното ниво на шеќер после оброкот.
Засладувачи наместо шеќер
На пазарот денес има достапни многу засладувачи кои можат да го заменат шеќерот којшто инаку се користи во подготовка на џемот и слатки, а во рецептите за домашен џем може да употребите ксилитол.
Станува збор за шеќерно-алкохолен засладувач којшто е присутен во многу видови овошје и зеленчук.
Рецепт за домашен џем
Состојки:
- 400 грама бобинки по избор;
- 2 лажици ксилитол;
- 2 лажици сок од лимон.
Подготовка:
1. Помешајте ги овошјето, ксилитолот и сокот од лимон во тенџере, па оставете да се варат на средна температура. Откако ќе почнат да вријат, треба да се варат уште десет минути, со постојано мешање.
2. Потоа намалете ја температурата, па со мешање варете уште 15-20 минути, додека џемок не згусне.
3. Кога џемот ќе биде добро кондензиран, со лажица ставете го во правилно стерилизирани тегли, додека е топол.
4. Поклопете ги теглите, па оставете да се излади џемот, па ставете ги во фрижидер.