„Франкенштајн“ доминира во Европа: Ова се симптомите на новиот сој на коронавирус

Точка

03/10/2025

19:42

3.079

Големина на фонт

а а а

Новиот сој на коронавирус, означен како XFG и неформално наречен „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој сочинувал повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции на почетокот на септември.

Како што објаснува инфектологот Алесандро Дијана, експерт од платформата „InfoVac“, станува збор за варијанта која претставува спој од два подсоја на омикрон варијантата, пренесува швајцарскиот јавен сервис „RTS“.


Иако новиот сој е значително позаразен, не се смета за поопасен во однос на тежината на симптомите. Клиничката слика останува слична — со симптоми како кивавица, болка во грлото и мускулна болка.

„Секое лице кое во моментов има симптоми слични на настинка, воспалено грло и болки во телото, можно е да има ковид“, изјави д-р Дијана.

Тој нагласува дека достапните вакцини сè уште се ефикасни против оваа варијанта на вирусот.