Како изгледа фустанот којшто принцезата Дајана најмногу го носела во свечени пригоди?
Принцезата Дајана имала многу фустани по кои останала запаметена како голема икона на стилот, а култниот фустан којшто во една прилика го носела во Белата куќа бил еден од нив.
Вечерта во 1985 година Белата куќа била домаќин на величествена гала вечер која ја организирал тогашниот претседател Роналд Реган и неговата сопруга Ненси Реган.
Меѓу присутните биле и принцот и принцезата од Велс, а во текот на вечерта, принцезата Дајана заиграла со актерот Џон Траволта.
Фустанот којшто го креирал Виктор Еделштајн го добил прекарот „фустанот на Траволта“.
Овој култен фустан, принцезата Дајана го носела осум пати во јавноста.
„По моја процена, тоа е фустан којшто најмногу го носела. Очигледно ѝ бил омилен“, рекла Елери Лин за магазинот „People“, па додала:
„Фустанот означува пресврт во нејзината модна приказна каде неверојатните романтични делови отстапуваат место за безвременската класична силуета. А, тоа што го носела повеќе пати го докажува тоа. Би можеле и денес да го носите фустанот и да бидете најдобро облечената личност во светот“.
Култниот фустан од плиш ги открива рамениците, а деколтето е во облик на буквата В којшто дава модерност во оваа креација.
Нејзината силуета е сирена, па преминува во драматично здолниште кое лесно се поместува кога танцувате.
Дајана фустанот го искомбинирала со впечатлив ѓердан со брош и бисери.
Принцезата побарала фустанот да се продаде на хуманитарна акција, па неколку пати досега бил продаден на аукции.
Подоцна фустанот бил изложен во домот на покојната принцеза во Кенсингтонската палата.