Европската комисија соопшти дека ненадејно извршила претрес во простории на една компанија од секторот за вакцини, поради сомнеж за кршење на правилата за конкуренција преку „омаловажување“ на ривалите. Не се открива името на компанијата, ниту земјата членка.
Во соопштението се потсетува дека неодамна се заклучени две истраги во фармацевтскиот сектор – против израелската Teva (лекот Copaxone за мултипла склероза) и против Vifor (лекот Monofer за недостаток на железо).
Teva минатата година доби казна од 462,2 милиони евра за злоупотреба на доминантна позиција во неколку земји на ЕУ, а во јануари 2025 поднесе жалба пред Општиот суд на ЕУ.