Каде во ЕУ младите најдолго живеат со родителите: Една земја од поранешна Југославија се најде на врвот на листата

Точка

30/09/2025

10:46

1.296

Големина на фонт

а а а

Младите полнолетни граѓани во земјите од јужна и источна Европа имаат тенденција подолго да останат да живеат со своите родители, покажуваат податоците на „OECD“ и „Eurostat“.

Возрасните во ЕУ го напуштаат родителскиот дом во просек на 26 години. Меѓутоа, ова значително се разликува од нација до нација.


Во Финска, Шведска и Данска вообичаено младите се отселуваат до 21 година. Спроти тоа, во Хрватска, Словачка, Грција, Шпанија, Бугарија и Италија тоа вообичаено не се случува пред да наполнат најмалку 30 години, пишува „Euronews“.

Хрватска е на врвот од оваа листа и таму родителскиот дом во просек се напушта со наполнети 31,8 година, додека пак втора на листата со просек на години е Словачка со 31 година.

Според податоците на „OECD“, јужна Европа има посебно висок удел во младите возрасни кои сѐ уште живеат со родителите.


Во овој склоп од податоци Италија има најголем удел со старост од 20 до 29 години кои не живеат самостојно, 80 отсто, а потоа следат Грција со 78 отсто, Шпанија со 77 отсто и Португалија со 76 отсто.

Во Велика Британија 43 отсто, а во САД 39 отсто. Нордиските земји Норвешка, Финска, Шведска и Данска имаат најниска стапка, под 20 отсто.