[ВИДЕО] Ураган ја потопи Ибица

Макфакс

30/09/2025

19:31

236

Големина на фонт

а а а

Ураганот „Габриел“, кој со денови пустоши над Атлантикот, денеска ја погоди Ибица и Форментера, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.

Видео-снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобили, мотори и контејнери како ги носи надојдената вода, а улиците се претворени во реки од кал и дожд.

Туристи биле принудени да се симнат од брод во вода до колена.

Пожарникарите на Ибица интервенирале на повеќе од 20 повици само утринава. Затворени се неколку патишта, меѓу нив и пристапот до аеродромот. Во близина на аеродромот за неколку часа наврнале 74 милиметри дожд, а има и прекини во снабдувањето со струја.

Силното невреме предизвика проблеми и на Мајорка, каде што северниот дел на планинскиот венец Трамунтана бил најтешко погоден, како и во регионот Валенсија и Мурсија.