[ФОТО] Објавено писмо кое Чарли Кирк му го испратил на Бенјамин Нетанјаху: Му предложил „турнеја“ со заложници низ Америка

Точка

30/09/2025

17:35

625

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи е објавено писмо кое Чарли Кирк, десничарски активист од САД кој беше убиен на почетокот на септември, му го испратил на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Според содржината на писмото објавено во целост, Кирк нагласил дека го „боли“ тоа што сè повеќе Американци не застануваат зад Израел, особено во време на нивната агресија врз Газа.

Покрај оваа порака, Кирк имал и неколку предлози за Нетанјаху со цел да се сврти јавното мислење во Америка во корист на Израел.

Меѓу другото, Кирк предложил основање на „Израелска мрежа на вистината“ каде млади луѓе би промовирале „пријателство меѓу САД и Израел“.

Покрај тоа, сакал Нетанјаху да испрати заложници, кои биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, а кои во меѓувреме биле ослободени, на говорничка турнеја низ Америка.


Кирк исто така предложил Нетанјаху повеќе свои говори на хебрејски јазик да ги преведе на англиски, како и Израел да ја зголеми својата помош кон САД, особено при природни катастрофи како урагани, но задолжително со израелски симболи на пакетите.

На крајот, Кирк изјавил дека ќе ја шири израелската пропаганда преку своите настапи и јавни говори, нарекувајќи се себеси „бранител на јудео-христијанските вредности“.