[ВИДЕО] Северозападна Венецуела погодена од четири земјотреси, од кои два силни

Макфакс

25/09/2025

11:23

127

Големина на фонт

а а а

Четири земјотреси ја погодија северозападна Венецуела во рок од неколку часа доцна вчера и рано утрово, вклучувајќи два со јачина од околу 6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американската геолошка служба (USGS).

Потресите, со јачина помеѓу 4,9 и 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случија во близина на градот Мена Гранде во државата Зулија, според USGS.



Станува збор за плитки земјотреси на длабочина помеѓу 7,8 и 14 километри.

Досега нема извештаи за жртви или значителни штети. Државата Зулија е покраина богата со нафта во Венецуелскиот Залив, која се граничи со Колумбија.