Минатата недела, во канцеларијатa на CrazyLabs во Скопје се одржа првиот CRAZY FOR AI MEET UP – настан кој за првпат на едно место ја обедини индустријата, академијата, претприемачите и сите љубопитни умови што сакаат да разговараат за вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз иднината.
Повеќе од 100 учесници ја исполнија канцеларијата на Crazy Labs, создавајќи атмосфера полна со енергија, инспирација и значајни разговори.
Публиката имаше можност да слушне различни перспективи на AI – иновативни решенија и конкретни примери за тоа како оваа технологија веќе ги трансформира нашите бизниси.
„Идејата за овој настан дојде сосема спонтано. Ние сме компанија која секојдневно користи AI во сите сектори, и имаме специјализиран тим за вештачка интелигенција и иновации кој не насочува и поддржува постојано. Тие неделава ни беа на посета во канцеларијата во Скопје каде што покрај организираните интерни работилници, помисливме дека е одлична можност да споделиме знаење и со заедницата. Поканивме и неколку докажани експерти кои несебично се приклучија на евентот, споделија свои искуства и придонесоа настанот да биде уште поуспешен“ изјави Даниела од CrazyLabs.
Особено впечатливи беа прашањата од публиката и дискусиите кои продолжија и по завршувањето на официјалниот дел. Реакциите беа одлични – многумина рекоа дека со нетрпение го очекуваат следниот настан.
Целта на CrazyLabs е да ја подигне свеста за користење AI, да ги поттикне дискусиите и да создаде простор за размена на знаење помеѓу индустријата, академијата и сите кои сакаат да учат и да придонесуваат.Во блиска иднина подгответе се за сè повеќе настани од овој тип кои ќе ја исполнат канцеларијата на CrazyLabs со идеи и енергија.
Комерцијален текст