Доналд Трамп стана вирален на социјалните мрежи пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Пред да влезат во салата, американскиот претседател и првата дама Меланија Трамп се заглавија на ескалаторите, кои застанаа токму кога стигнаа до нив. Но, тоа не беше сè. Откако Доналд Трамп, со помош на соработници, успеа да стигне до местото наменето за говорот, телепромптерот (т.н. „идиот“) се расипа токму во моментот кога претседателот требаше да го започне својот говор.
„Кој и да е задолжен за овој телепромтер е во голема неволја“, рече Трамп и ја насмеа публиката. Тој импровизираше неколку воведни реченици, обидувајќи се да го скрие изненадувањето предизвикано од техничкиот проблем.
„Никогаш не добив телефонски повик од Обединетите нации во кој ќе ми понудат да помогнам во финализирањето на договор за прекин на војните. Сè што добив од Обединетите нации беше ескалатор кој застана точно на средина на патот до горе. Ако првата дама не беше во одлична форма, ќе паднеше. Но, ние сме во одлична форма, двајцата сме во добра форма, а потоа телепромтерот не работеше – тоа се две работи што ги добив од Обединетите нации.“
This is insane…
— Geiger Capital (@Geiger_Capital) September 23, 2025
As Trump arrived to the UN, the escalator stopped working the moment he stepped on it.
Then the teleprompter stopped working the moment he got up to the podium to speak. pic.twitter.com/XBTgfr6zJ8
Видеата од „несреќите“ на Трамп брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни коментари.
„Можете ли да замислите да беше Бајден? Ќе беше заглавен на тој ескалатор додека не го поправат“, „Можеби е само карма“, „Дали ќе ги санкционира Обединетите нации затоа што ескалаторот застана?“, „Причините се непознати. Погледнете го изразот на Трамп, тој точно знае што се случува“, „На Трамп не му треба смрдлив телепромтер“, „Некој ќе биде отпуштен ден