[ФОТО] Берни Сандерс: Петте најбогати мажи на светот се сопственици или извршни директори на медиуми

Точка

23/09/2025

22:02

417

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор Берни Сандерс опиша, според неговото мислење, како изгледа медиумскиот пејзаж во САД.

Поточно, тој наброја петмина мажи за кои смета дека не само што се најбогатите луѓе во светот, туку и имаат извршни улоги во медиумите, алудирајќи на нивната поврзаност со медиумската содржина.

„Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, е сопственик на X. Вториот најбогат човек, Лари Елисон, го поседува „Paramount“, вклучително и „CBS“, а можно е сега да го презема и ТикТок и „CNN“. Џеф Безос е сопственик на „Washington Post“ и „Twitch“. Марк Закерберг е сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Всушност, петмината најбогати мажи во светот се сопственици или извршни директори на медиуми“, наведе тој.

Сандерс смета дека кога се зборува за олигархија во Америка, не станува збор само за приходи и нееднаквост во богатството.

„Станува збор за контрола врз медиумите и врз она што американскиот народ може да види, слуша и чита“, додаде Сандерс.