Обновено е култното катче зад полициската станица Беко – урбаниот парк доби ново име

Точка

22/09/2025

20:35

283

Големина на фонт

а а а

Скопје доби обновен урбан парк во центарот на градот – просторот зад полициската станица Беко, сега познат како Пелин-Парк, е целосно уреден и повторно отворен за граѓаните.

Во рамките на проектот се обновени и поставени нови елементи на урбана опрема, а просторот доби и целосно ново хортикултурно уредување со растенија соодветни за условите на локацијата. По подолг период, повторно е ставена во функција и чешмата за вода.

Пелин-парк е отворен!


Погледнете како едно заборавено катче во срцето на Скопје, со малку труд, љубов и поддршка од Пелинковац, стана зелена оаза за нови маалски дружби. 👇


Од обновувањето на просторот, преку разубавувањето на пејзажот со муралот на Мачка, Драш и Мирко, па сѐ до маалската журка во ритамот на DJ Goce и DJ Chvare, на која го собравме и го раздвиживме цело маало. 🕺


Кликни плеј и погледни ја приказната за Пелин-парк ▶

Posted by Badel 1862 Македонија on Monday, September 22, 2025

Еден од највидливите сегменти на уредувањето е големиот мурал со површина од над 100 квадратни метри, нацртан на фасадата на зградата до паркот. Автори се познатите графити артисти Драган Китановски – Драш, Марјан Димиќ – Мачка и Миро Грчев – Микс, кои создадоа дело што дополнително го збогатува визуелниот идентитет на просторот.

Отворањето на паркот неодамна беше одбележано со маалска дружба, настан со музика и активности за посетителите. Со новото уредување, Пелин-Парк повторно станува препознатливо место за одмор и дружење.

Проектот го реализираше компанијата Бадел 1862, под капата на брендот Пелинковац, во соработка со Општина Центар.


Комерцијален текст