Скопје во десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот: „Не е без причина наречен Лас Вегас на Балканот...“

Нетпрес

22/09/2025

14:56

744

Големина на фонт

а а а

Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценети дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина.

Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8-то место.


„Не е без причина Скопје наречен ‘Лас Вегас на Балканот’. Македонскиот главен град е место на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот ‘Воин на коњ’ со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар – Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.

За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.


На топ-листата се најдоа и полуостровот Оса (Костарика), градот Кари-ле-Руе (Франција), автопатот „Тиога пас“ (Калифорнија, САД), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Сребреник (Босна и Херцеговина), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.