Американскиот водител Џими Кимел утре се враќа на екранот со својот популарен ноќен шоу-програм

Макфакс

22/09/2025

22:33

309

Големина на фонт

а а а

Американскиот водител Џими Кимел утре се враќа на екранот со својот популарен ноќен шоу-програм, откако продукцијата беше привремено стопирана поради неговите контроверзни коментари за убиството на Чарли Кирк, соопшти Дизни.

„Емисјата ја суспендиравме за да избегнеме дополнителни тензии во чувствителен момент за земјата“, порачаа од компанијата, додавајќи дека по разговори со Кимел, одлучиле да продолжат со снимањето.

Кимел, познат по својата критика кон Доналд Трамп, на 14 септември коментираше дека осомничениот напаѓач, Тајлер Робинсон, бил поддржувач на поранешниот претседател. Тој ја исмеа и реакцијата на Трамп по убиството на Кирк, прикажувајќи изјава во која претседателот зборува за реновирање на Белата куќа.

„Ова не е начин на кој возрасен човек тагува по убиство на пријател. Вака четиригодишно дете тагува за златна рипка“, саркастично додаде Кимел.

Емисјата на Кимел се емитува на „Еј-би-си“, телевизија во сопственост на Дизни.