Викендов, се одржа првото издание на Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија. Три дена, скопјани имаа можност да уживаат во разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забавa.
Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека овогодинешниот Street Food Picnic се реализира во организација на Општина Центар.
„Нашата општина секогаш ќе биде поддржувач на културни настани кои ја збогатуваат понудата на Центар, но и на градот, кои го промовираат нашето гастрономско богатство. Преку вакви настани го оживуваме јавниот простор, овозможуваме дружење и размена на идеи и ја приближуваме културата до сите генерации. Затоа, ќе продолжиме да вложуваме и да ги поддржуваме ваквите иницијативи и во иднина“, вели Герасимовски.
Комерцијален текст