Арсенал одигра скромни 45 минути против Манчестер Сити и му дозволи на тимот на Пеп Гвардиола да дојде до предност, а откако цело второ полувреме бркаше резултат, на крајот успеа да избегне пораз со голот на Мартинели во судиското продолжение.
Освоениот бод е далеку подобра опција од дерби пораз и тоа предизвика мала сатисфкација на „Емирејтс“, но веќе во раната фаза на сезоната се отвораат големи сомнежи околу шампионските амбиции на Арсенал.
Тимот на Артета веќе заостанува пет бода зад Ливерпул и ќе мора да брка уште по пет одиграни кола, а тоа го натера Џејми Каргер да излезе со заклучок кој нема да им се допадне на фановите од Северен Лондон.
Карагер вели дека актуелниот стил на игра на Артета воопшто не му помага на Виктор Ѓокереш, па ако некако успее да дојде до титулата, тоа ќе биде поради цврстата одбрана и добро поставениот среден ред.
– Ако Арсенал некако ја освои титулата, тоа нема да биде поради Ѓокереш. Од тоа што го гледам, овој тим не создава доволно добри шанси за него, нема добар проток на игра во овој момент и тој не доби ниту една употреблива топка против Сити.
– Според мене, Арсенал може да ја освои титулата само поради тоа што има најдобра одбрана во Европа. Тука се и средниот ред и голманот, но сигурно нема да ја освои титулата поради Ѓокереш, – заклучува Карагер.