Вејн Руни нема тренерски ангажман и чека нов проект кој ќе ги задоволи неговите апетити, но во меѓувреме е целосно достапен за англиската јавност и е редовен гостин во телевизиските емисии посветени на Премиер лигата.
Руни ја заврши кариерата како најдобар голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед и доста често знае да се најде во ситуација да ги анализира случувањата на „Олд Трафорд“, а бидејќи има актуелниот тим на Рубен Аморим има целосно дијаметрални амбиции од оној шампионскиот тим од кој тој беше дел, Вејн се обиде да образложи на што се должеле добрата хемија и извонредниот тимски успех.
Легендарниот Вејн за „Би-Би-Си“ обелоденува дека една позната плејстејшн игра била клучен фактор во успесите на некогашниот тим на Сер Алекс Фергусон, а во случајот станува збор за тактичката игра „СОКОМ“ во чие дејство има пукачка акција.
– Навистина мислам дека голем дел од успехот треба да се препише на нашето дружење со плејстејшн. Тоа не натера да комуницираме почесто и да работиме како тим и кога не сме на теренот.
– Играта „СОКОМ“ знаевме да ја играме во автобусите, во авионите, насекаде. Јас, Рио Фердинанд, Мајкл Карик, Џон О’Шеј и Вес Браун. Моравме да зборуваме за да ги минеме препреките и мисиите, моравме да бидеме тактички добри и тоа беше важен дел од нашиот успех како тим и на теренот. Слободно прашајте ги овие играчи што мислат за тоа, беше навистина брилијантно да бидете дел од тој тим, – вели Руни.