[ФОТО] „Вака ли се сака мајчиниот јазик и неговите млади корисници – иднината на Македонија? Српска фолк-пејачка се најде во учебник по македонски јазик

Точка

21/09/2025

11:48

898

Големина на фонт

а а а

Во учебникот по македонски јазик за седмо одделение се најде познатата српска фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ, наведена како пример за учениците.

На 228 страница од учебникот во лекција посветена на „штетни информации“, изгледот на пејачката е искористен за илустрација пред учениците.


Покрај фотографијата, пишува како познатата пејачка изгледа без филтри со цел да се наштети и да се види колку е остарена и колку се разликува нејзиниот изглед од приватниот“.

Покрај тоа во учебникот има и код којшто води до српскиот портал „Република“ каде е објавена веста под наслов „Вистинското лице на Снежана Ѓуришиќ“, пишува „Скопје1“.


На ваквата неодговорност и невкус реагираше и Универзитетската професорка Гордана Алексова, нејзинат аобјава ви ја пренесуваме во целост:

„Што да се каже, веќе, не знам!

Од сѐ што може да се искористи како пример за злонамерни информации во учебник по македонски јазик за 7. одделение, авторката избрала да илустрира со брчките на некоја пејачка. Неважно и невкусно, а многу насилно и нездраво за учениците.

Што да се каже, веќе, не знам!

Од сѐ што може да се искористи како пример за злонамерни информации во учебник по...

Posted by Gordana Aleksova on Saturday, September 20, 2025

Поставувам отворено прашање до известителот за предметот Македонски јазик од Националната комисија за учебници при МОН, Гоце Цветановски : кој дел од текстот за ,,штетни информации (малинформации)" е во согласност со образовните, функционалните и воспитните резултати и стандарди на односната наставна програма, а, особено, кој дел од текстот се истакнува со својата етичка вредност, за да биде допуштен за работа со ученици на 13-годишна возраст? Наспрема сите срушени, поништени, збришани, избришани, скриени и лажно оцрнети содржини на ракописите што беа позитивно оценети од високостручните рецензентски комисии разрешени поради ,,неетичко работење" во изборната постапка за учебници? Лично Ве прашувам, Гоце Цветановски, вака ли се сака мајчиниот јазик и неговите млади корисници - иднината на Македонија? За ваква настава ли се бориме на крајот од првиот квартал на XXI век? За ваков срам ли? За ваква темна тишина во која ќе ни растат децата?“.