Во саботата (20.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот А.Г. од селото Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 9 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 51-годишниот соселнаец Ш.Ѓ.
СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.