Ниту еден знак од хороскопот не сака толку силно како Рибите. Родените во овој хороскопски знак живеат за љубов, подготвени за неа да ги жртвуваат сопствените желби и цели.
Останатите хороскопски знаци немаат такви амбиции како Рибите. Во продолжение погледнете ги нивните особини.
Жените родени во знакот на Риба – вистински заводнички
Жените Риби освојуваат со својата сензуалност, сонлив поглед и полни усни кои ветуваат незаборавни моменти. Нивната најголема вредност е љубовта, не можат да бидат целосно среќни доколку не се заљубени.
Подготвени се за големи откажувања, но често се врзуваат за партнери кои ја искористуваат нивната емотивност. Во такви врски многу даваат, а малку добиваат, па понекогаш утехата ја бараат во прегратките на непознати или во прејадувањето.
Вистинската среќа пристигнува кога покрај себе имаат маж којшто безусловно ги сака и им дава чувство на сигурност.
Мажи Риби – идеални романтичари
Мажите родени во овој хороскопски знак претставуваат прототип на совршен партнер – нежни се, грижливи и полни со внимание. Во младоста се големи заводници и ретко остануваат без додворувачки затоа што умеат да слушаат и да ја направат секоја жена покрај нив да се чувствува посебно.
Кога ќе се вљубат, пред партнерката се целосно посветени, трудејќи се да ѝ ја исполнат секоја желба. Во врските бараат почит и верност, а доколку наидат на недоразбирање, можат да побараат утеха и надвор од бракот.