Трикови од внатрешни дизајнери со помош на кои малиот стан ќе изгледа пространо

Точка

12/09/2025

15:15

484

Големина на фонт

а а а

Малиот простор бара досетливост, секоја грешка се гледа, но и секој добар потег носи големи резултати.

Токму затоа советите од експертите се вредни како злато, тие знаат како секој квадрат да го претворат во функционална целина, а еве што треба да преземете за просториите со мала површина.

1. Искористете ја природната светлина

Природната светлина е најдобриот сојузник на малите станови. Колку повеќе светлина внатре, толку просторијата ќе изгледа попријатна и поголема. Затоа заборавете на тешките завеси. Наместо тоа бирајте ленени завеси кои ја омекнуваат светлината, но не ја блокираат. Доколку имате можност, оставете ги прозорците целосно откриени.


Идеја плус: Доколку станот нема доволно големи прозорци, додадете повеќе тела за осветлување во различни висини, пример ламби, ЛЕД светла. Комбинацијата на изворот на светла може да имитира ефект на природно осветлување.

2. Поставете впечатливо огледало

Огледалата се мал трик на големите мајстори. Освен што ја рефлектираат светлината, тие создаваат илузија на подлабок и поширок простор.

„Поставете впечатливо огледало затоа што тоа е одличен начин да внесете стил, а воедно просторот ќе изгледа поголем“; објаснува дизајнерката Алиша Хасен Рош.

Огледало над комодата во ходникот може визуелно да го прошири тесниот премин, додека пак големо огледало во дневната соба ќе направи како ѕидовите да „исчезнуваат“.


3. Фантазирајте со боите

Белите и светли нијанси се најчестиот избор за малите станови, но тоа не значи дека мора да бегате од темните тонови. Во долгиот, тесен ходник без природно светло, ѕидовите може да бидат и темни, тоа целосно ќе ја смени перцепцијата на просторот.

Наместо да изгледа уште помал, ќе добие длабочина, а плафонот може да делува повисоко отколку што навистина е.

Идеја плус: Комбинирајте две бои на ѕидовите – на пример, долниот дел нека биде во потемна нијанса, а горниот во посветла. Така просторот делумно се дели и делува повисок.