Психолог открива: Што говори за вас вашата омилена поза во сексот?

Точка

11/09/2025

21:36

466

Големина на фонт

а а а

Вашата омилена сексуална поза може да открие многу детали за вашата личност, вели британската психологинка и сексуална терапевтка Барбара Сантини.

„Потсвесно, позите што ги преферирате во сексот укажуваат на тоа што точно барате во врската и кои се вашите индивидуални карактеристики“, вели Сантини.

Можеби никогаш не сте размислувале за тоа, но начинот на кој се поврзувате со партнерот на интимно ниво е повеќе од обична наклонетост. Психологинката Сантини за британскиот „Сан“ откри што најчестите пет сексуални пози велат за вас.

Мисионерска поза


Поза: Традиционално, мисионерската поза подразбира жена која лежи на грб и маж кој е одозгора.

Што открива: Ако мисионерската поза е вашата омилена, тоа значи дека ја цените интимноста во спалната соба. Тежнеете кон поврзаност со партнерот додека се гледате во очи.

„Психолошки, во суштина сакате подлабока врска со партнерот и веројатно барате мир во секојдневниот живот. Веројатно сте срамежливи и плашливи и не ги изразувате своите потреби. Или можеби сте свесни за себе, но се грижите што другите мислат за вас и се чувствувате непријатно во одредени социјални ситуации“, објаснува Сантини.

Таа додава дека мажите кои ја избираат оваа поза се „ловци и собирачи“, имаат „заштитничка природа“ и не дозволуваат никој да ги контролира. Исто така, сакаат да играат на сигурно. Меѓутоа, психологинката предупредува: „Понекогаш може да се сметате за неприкосновени или, пак, заглавени во своите навики, често барајќи сигурност затоа што можеби се сомневате во своите способности во спалната соба и ви треба охрабрувачка поддршка.“

„Каубојка“


Поза: Кога жената е одозгора.

Што открива: Преферирањето на позата „каубојка“ значи дека уживате во доминацијата над вашиот партнер во спалната соба.

„Сигурни сте во себе и уживате во вниманието од другите. Исто така, сте авантуристички настроени и имате позитивен поглед на животот. Со вашата внатрешна самодоверба, веројатно сте успешна жена во кариерата и сакате да бидете независни“, вели Сантини и додава дека жената која најмногу ужива во оваа поза е асертивна и всушност „ги носи панталоните“ во врската.

Таа открива дека ако вашиот партнер ја сака оваа поза, веројатно е „подложен и сака обајцата да бидете задоволни во спалната соба“.

„Вие сакате да го задоволите партнерот и нивната среќа ви е важна“, додава Сантини.

Исто така, една од вашите најголеми особини е избегнувањето на конфликти, бидејќи тоа ве прави анксиозни.

„Бидејќи сакате да го импресионирате партнерот, исто така сте елегантни и се грижите за својот изглед“, вели Сантини.

„Лажица“


Поза: Двајцата лежите на страна, а жената е напред. Партнерите се гушкаат.

Што открива: Ако позата „лажица“ ви е омилена, најверојатно сакате сигурност и нежност.

„Понекогаш можете да бидете срамежливи и да избегнувате да бидете во центарот на вниманието во социјални ситуации“, вели Сантини и додава дека најверојатно сте природно страсна и чувствителна личност која цени долгорочни врски.

„Имате грижлива страна и внимателни сте кон луѓето што ви значат најмногу. Во суштина, сакате да бидете сакани и негувани. Исто така, цените опуштање во секојдневниот живот“, додава таа.

Мажите кои ја сакаат оваа поза покажуваат грижа за својата партнерка.

„Едноставно кажано, тие сакаат да се чувствуваат добро и да ѝ овозможат оргазам на партнерката. Оваа поза може да укаже и на тоа дека сте малку мрзеливи во одредени аспекти на животот, бидејќи самата поза не бара многу труд. Иако сексот во оваа поза има многу предности, потребно е двајцата партнери да се потрудат и да внесат разновидност, инаку може да се создаде чувство на зависност или досада, што може да доведе до прекин на врската“, објаснува Сантини.

Кучешка поза


Поза: Жената е на сите четири, а мажот пенетрира одзади.

Што открива: Ако „доги стил“ е вашата омилена поза, голема е веројатноста дека не ја преферирате премногу интимноста.

„Сакате партнерот да ја преземе контролата, што може да укаже на тоа дека уживате во подложноста. Потсвесно, повеќе сакате партнерот да води и имате целосна доверба во него“, вели Сантини.

Мажите кои ја сакаат оваа поза најчесто не се премногу романтични.

„Ова може да значи дека сте резервирани, не премногу страсни и склони кон дистанцираност. По природа, оваа поза не е толку интимна како другите, што вам ви одговара. Исто така, сте практична личност која избегнува драма и конфликти“, објаснува Сантини.

Стоечки секс


Поза: Било која сексуална поза каде барем еден од партнерите стои.

Што открива: Двајцата сте авантуристи кои сакаат спонтаност. Жената што ја сака оваа поза е независна и самоуверена.

„Знаете што сакате и каде сте насочени во животот. Амбициозни сте и ги искористувате сите можности“, вели Сантини и додава дека оваа поза укажува на тоа дека сте уредни и сакате чистота.

Ако сте маж што ја сака оваа поза, најверојатно сте независни, фокусирани на кариерата и можеби не се врзувате лесно.

„Сакате авантури, патувања и забавни активности. Спонтани сте и имате многу пријатели“, заклучува психологинката и сексуална терапевтка Барбара Сантини.