[ФОТО] Ова место го нарекуваат европскиот Бали: Има над 300 сончеви денови годишно

Точка

12/09/2025

20:46

605

Големина на фонт

а а а

На самиот југ од Шпанија, во Андалузија, се наоѓа Тарифа – градот којшто многумина со право го нарекуваат „Бали во Европа“.

Сместен на местото каде се сретнуваат Средоземното море и Атлантскиот океан, Тарифа е познат по спектакуларните плажи и ветровите идеални за сурфање. Исто така по опуштената атмосфера ова место потсетува на егзотична дестинација.


Еден од најголемите адути на местото е климата. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, ова место е неверојатно за уживање во текот на целата година. Долгите песочни плажи, кристално чистата вода и мирисот на океанот го прават совршена дестинација за оние кои сакаат спој на активен одмор и целосно опуштање.

Освен природната убавина, Тарифа е град со богата историја. Тесните улички на стариот град, белите куќички со цветни тераси и деловите од арапскиот период раскажуваат приказни за културното наследство кое трае со векови. Навечер, Тарифа оживува во ритамот на шпанската музика...


Туристите често одат таму заради сурфањето, но остануваат поради едноставниот шарм којшто го спојува Медитеранот и Африка. Токму таму, доколку денот е ведар, погледот достигнува до крајбрежјето на Мароко.

Таа посебна позиција го прави Тарифе место на средба на два континенти, култури, луѓе, па не е ни чудно што ја има репутацијата европски Бали.


Тарифа не е само дестинација за авантуристите и вљубениците во ветрот и брановите. Ова е место за дигиталните номади, парови во потрага за романтично бегство, како и за патниците кои сакаат да ги откријат помалку познатите, но автентични страни на Шпанија.