Американската актерка и модна икона, Дакота Џонсон, повторно ја потврди својата репутација како една од најстилските и најсмелите жени на холивудската сцена.
Ѕвездата на светски познатиот филмски серијал „Педесет нијанси сиво“ привлекла огромно внимание на настанот „Caring for Women Dinner“ што се одржал во Њујорк, во организација на познатата фондација Керинг, посветена на заштита и поддршка на жени жртви на насилство ширум светот.
Џонсон на црвениот тепих се појавила во ултра-смела и заводлива креација од модната куќа Гучи, бренд со кој соработува веќе неколку години. Таа носела целосно проѕирен фустан изработен од црна цветна чипка, кој повеќе откриваше отколку што криеше. Под чипканата облека, актерката носеше минималистичка црна долна облека, со што целиот изглед доби сензуална и дрска нота — во духот на улогите по кои стана препознатлива.
Со косата пуштена во бранови и со едноставна, но префинета вечерна шминка, Дакота се задржа во границите на елеганцијата и гламурот, без да изгледа вулгарно. Со овој избор на стајлинг, таа уште еднаш покажа дека има беспрекорен моден вкус и храброст да ризикува на црвениот тепих.
Настанот бил збогатен со присуство на бројни славни личности и филантропи, но Џонсон без сомнение беше една од најфотографираните ѕвезди на вечерта. Со својот впечатлив изглед, таа успеа да го привлече вниманието на сите присутни, но и на светските медиуми, кои веќе ја вбројуваат меѓу најдобро облечените ѕвезди на настанот.
Фондацијата Керинг, под чиј покровителство се одржуваше вечерта, ја има мисијата да го подигне гласот за правата на жените и нивната заштита, а Дакота, како гласна поддржувачка на женското ослободување и самодоверба, уште еднаш покажа дека знае како со стил и став да ја пренесе пораката.