[ФОТО] Малиот црн фустан со кој Џенифер Анистон го хипнотизираше Њујорк: Актерката ја покажа извајаната фигура на тело

Точка

12/09/2025

08:00

3.230

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон повторно ја пронајде среќата во љубовта, а своето ново момче Џим Кертис првпат во јавноста го претстави неодамна на премиерата на четвртата сезона на серијата „Утринско шоу“.

Дека е среќна се гледа по нејзиното лице, а кога неодамна се појавила на една емисија, уште еднаш потврдила дека за својата линија на тело внимава секојдневно и дека иако има 56 години изгледа 20 години помладо.


Таа за оваа прилика облекла мал црн фустан од Том Форд којшто е спој на модерното и елегантното.

Мини фустанот без ракави ја истакнал нејзината фигура на тело и извајани нозе. Горниот дел имал крагна, а креацијата се шири во А крој.

Фустанот од свилен материјал имал и ремен во пределот на струкот што дополнително ја нагласил нејзината фигура, а долниот дел се шири и му дава доза на лелеавост.

Ова модно издание Џенифер го искомбинирала со отворени сандали на висока потпетица.


Овие сандали актерката ги носела неколку пати затоа што се одлични во спој со елеганцијата и едноставноста и можат да се носат речиси во сите пригоди.

Накитот во вид на златни обетки и модерните очила за сонце на вистински начин ја надополниле оваа модна комбинација на актерката.

Ви се допаѓа ли модната комбинација на Џенифер Анистон?