Невеш избувна поради една фотографија со вдовицата на Жота: Кој го направил ова, не заслужува да биде среќен!

Дерби

12/09/2025

12:00

395

Големина на фонт

а а а

Рубен Невеш беше најдобар пријател на Диого Жота и тоа го покажа со низа потези кои ги направи по трагичната смрт на португалскиот фудбалер, но дури и во вакви ситуации кога се обидува да биде максимална поддршка на најблиското семејство, играчот за врска се најде во ситуација да објаснува една невкусна фотографија.

Португалскиот таблоид „TV Guide“ објави блиска фотографија од Рубен и од вдовицата на Диого Жота, а бидејќи во насловот се посочува дека Рут се почесто пронаоѓа поддршка во најдобриот пријател на нејзиниот починат сопруг, оваа насловна страна едноставно ја згрози португалската спортска јавност.

Рубен Невеш доби голема поддршка од следбениците на социјалните мрежи, а самиот реши да излезе и со свој коментар за тоа што беше погрешно претставено во јавноста.

– Лицето кое ја стави оваа фотографија на насловната страница на списанието не заслужува да биде среќно, исто како што не е среќен изборот на фотографијата.

– Јас ги почитувам сите кои имаат своја работа, ги почитувам сите кои се обидуваат да дадат се од себе, но не ги почитувам оние кои не покажуваат респект.

– Со сопругата, Дебора Лоренсо, сме заедно повеќе од 11 години, имаме среќно семејство на кое сме горди и за 11 години никогаш не сме биле вклучени во никаква контроверзност. Дадовме сѐ од себе да и помогнеме на Рут и нејзиното семејство на најдобар можен начин. Горди сме на Рут, за силата што ја покажува во овие тешки времиња. Тука сме за сè што е потребно и таа го знае тоа. Ви благодарам, – гласи објавата на Невеш.