[ФОТО] Брутален сеир на сметка на Бразилецот: Ендрик доби нова улога од Мурињо

Дерби

22/09/2026

15:13

231

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо се појави на прес-конференцијата на „Метрополитано“ со испринтани фотографии од грешките кои ги направи судијата Ортиз, а со тоа искусниот Португалец потсети на времето кога првпат го водеше „кралскиот клуб“ пред 13 години.

Обидот на Мурињо да ја засени лошата игра на Реал Мадрид со рафал против судијата и ВАР не мина баш целосно добро кај целосната фан-база на клубот, па во период кога доста актуелни се неговите испринтани фотографии, на социјалните мрежи пристигна и брутален сеир за фудбалер кој немаше никаква улога на дербито.

Бразилецот Ендрик реши да остане во Реал и да се бори за своето место во тимот, но од стартот на сезоната, одигра само четири минути, и тоа на натпреварот против Елче.


Напаѓачот остана неискористена измена на останатите натпревари, а на социјалните мрежи сега се шири една анимација со брутална содржина.

– Ендрик доби нова улога од Мурињо, – гласи пораката која јасно алудира на тоа дека Бразилецот бил човекот кој му ги принтал сликите на Португалецот.