Судискиот комитет во Шпанија призна дека е направена една голема грешка на штета на Реал против Атлетико

Дерби

23/09/2026

09:18

190

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо излезе со парче хартија на прес-конференцијата на „Метрополитано“ и ги прикажа двете спорни ситуации кои за него биле чисти црвени картони за противникот, па откако се крена голем прав на оваа тема по крајот на мечот кој заврши 2:1, со нетрпение се чекаше и соопштението на Судискиот комитет.

После секоја одиграна рунда во шпанската елита, судискиот комитет заседава и ги анализира контроверзните моменти на секој од натпреварите, а овој викенд главен фокус се стави на големото мадридско дерби кое го добија домаќините.

Атлетико постигна два гола откако Хуијсен заработи директен црвен картон, но гостите протестираа дека истото требаше да се случи претходно и со Кути Ромеро и Канг Ин.

Првиот ненамерно го нагазна Белингам и можеше да му нанесе голема штета, додека вториот со отворен ѓон стартуваше над Валверде и му нанесе незгодна повреда на зголобот.

Во своето соопштение во јавноста, Комисијата на судиите потенција дека судијата Ортиз и луѓето во ВАР донеле добра проценка што не го исклучиле Ромеро по проверената снимка, но сепак е направена голема грешка што Канг Ин останал на теренот и воопшто не била прегледувана втората спорна ситуација.

– Стартот на Канг Ин беше вреден за прекршок и директен црвен картон. Во оваа ситуација има лошо толкување од судијата и очигледна и јасна грешка, која дефинитивно требаше да биде поправена од ВАР, – се вели во соопштението.