Виландер: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, но не и најголем тенисер на сите времиња!

Дерби

22/09/2026

15:11

183

Големина на фонт

а а а

Кратенката „GOAT“ најчесто им се доделува на најдобрите играчи во одреден спорт и одредена дисциплина, а бидејќи буквалниот превод посебно значење дава на зборот „најголем“, во тенисот почнаа да се прават разлики и да се смислуваат поинакви термини.

Роџер Федерер со години наназад го чуваше „GOAT“ статусот кога добар дел од рекордите беа на негова страна, но откако Новак Ѓоковиќ ги надмина неговите достигнувања и отиде уште подалеку, Србинот го украде овој епитет за голем дел од јавноста.

Дури и Рафаел Надал призна дека за него најдобар тенисер на сите времиња е Ѓоковиќ ако се земат во предвид само остварените резултати, но Матс Виландер смета дека во тенисот треба да се прави јасна поделба на тоа кој е најдобар, а кој најголем.

Според Виландер, терминот „GOAT“ и натаму треба да му припаѓа на Федерер, од едноставна причина што според него Швајцарецот придонел најмногу за тенисот и го однел спортот на едно повисоко ниво, но од друга страна, потенцира дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња.

– За мене Федерер е „GOAT“, најголем тенисер во историјата на нашиот спорт. Го велам тоа од едноставна причина, тој беше најдобар амбасадор на нашиот спорт и за мене тој е најважниот кој го држел рекетот во своите раце. Тој е најголем тенисер на сите времиња поради тоа како се однесуваше, поради титулите кои ги освои, но и поради влијанието кое го имаше врз спортот.

– Рожер е најголем во историјата, но тоа не значи дека е и најдобар. Најдобар во историјата е Ѓоковиќ според се што оствари во тенисот. Федерер беше апсолутно најдобар во својата генерација, не треба да се заборави дека беше неколку години постар кога на сцена стапија Ѓоковиќ и Надал, – додава легендарниот Швеѓанец.