Најава за два драматична меча во Лигата на нации: Играме против геноцид!

Дерби

23/09/2026

09:19

216

Големина на фонт

а а а

Новата сезона во Лигата на нации ќе ни го донесе најдолгиот репрезентативен период во поновата историја, бидејќи најголем дел од европските селекции ќе одиграат по четири меча во период од три недели.

Дел од оваа групна на репрезентации се и Ирска и Израел, а токму дуелот меѓу овие две селекции се очекува да биде следен „под лупа“ поради жестоките најави кои пристигнаа од Островот.

Голем број познати ирски спортисти бараат од Федерацијата да го бојкотира двомечот со Израел и воопшто да не се игра против земја која води воени злосторства, па иако се собраа петиција на која се потпишаа повеќе од 160 спортисти, конечната одлука е дека островјаните сепак ќе излезат на мегдан со Израелците.

Тоа го потврди селекторот на Ирска, Хејмир Халгримсон, кој отворено и без влакна на јазикот најави дека неговиот тим ќе игра против земја која врши геноцид.

– Никој од нас не се чувствува комотно што ќе играме два меча против Израел, но кога е одлучено да се игра, мора да се држиме заедно и да настапуваме како група. Не играме со геноцид, ние ќе играме против геноцид. Нема да играме со Израел, ние ќе играме против Израел, – жестоко порача селекторот.

На оваа негова бурна изјава со одговор се јавија Изралеците, кои иронично порачаа дека откриле многу работи и добиле Нобелови награди, но се уште не откриле лек за глупост.

– Имаме допринесено за светот и за човештвото во безброј подрачја, имаме освоено импресивен број на Нобелови награди, но за жал, се уште немаме пронајдено лек за глупост, незнаење и лицемерие. Тоа го покажува селекторот на Ирска. Ние не играме со незналици, лицемери и глупи луѓе, играме против тренер кој е олицетворение за тоа, – возвратија Израелците.