Германија и Италија се две фудбалски земји, две земји со големи фудбалски успеси низ историјата, но во моментов и две држави чиј репрезентативен фудбал не е на посакуваното ниво и се обидуваат да се вратат на победнички патеки.
Јирген Клоп и Роберто Манчини се назначени за селектори, двајца искусни и проверени стратези за кои допрва ќе видиме дали ќе можат да ги извлечат најдоброто и да ги остварат посакуваните цели.
Овие две држави во овој момент ги поврзува едно име, Николо Тресолди, напаѓачот кој блеска во Бриж и за кого прашање е на време кога ќе направи трансфер во топ 5 лигите во Европа.
Тресолди е роден во Калјари, има италијанско потекло, меѓутоа уште како дете се има преселено во Германија и настапува за селекциите на оваа земја. Тој беше дел од У-19, сега игра за У21 и Италија гледа можност да го „украде“, додека Германците сакаат, имаат желба да го задржат.
Ова нема да биде лесна одлука за Николо кој не планира да пресече до 2027 година.
-Срцето сè уште ми е поделено 50-50. Двете земји ми значат многу. Гордо го носам германскиот дрес. Уживам што сум овде. Сè уште сакам да играм на Европското првенство, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите, -порачал офанзивецот на Клуб Бриж.







