Поранешниот селектор на Данска го презеде Баер Леверкузен

Макфакс

09/09/2025

09:42

107

Големина на фонт

а а а

Каспер Хјулманд е промовиран во нов тренер на Баер Леверкузен.

Ерик тен Хаг имаше кратка епизода на клупата на Баер, а германскиот шампион од 2024 година ја искористи репрезентативната пауза за да му врачи отказ. Холанѓанецот во Леверкузен за задржа само 62 дена, тимот го водеше во три натпревари.

Каспер Хјулманд, поранешен селектор на Данска, кој ја напушти репрезентацијата во јули минатата година по Европското првенство дојде на местото на Тен Хаг.

Ова е враќање на Хјумланд во германскиот фудбал, бидејќи го водеше Мајнц од мај 2014 до 2015 година…

Тој седеше на клупата на Данците од јуни 2019 година, а својот најголем успех го имаше две години подоцна на Европското првенство кога стигна до полуфиналето.