Новата Италија на Гатузо е целосно луда: Немам видено вакво нешто

Дерби

09/09/2025

10:51

256

Големина на фонт

а а а

Џенаро Гатузо имаше возбудлив старт како селектор на италијанската фудбалска репрезентација, бидејќи по убедливиот триумф над Естонија со резултат 5:0, неговиот тим одново постигна пет гола на вториот натпревар во квалификациите за Светско првенство.

Натпреварот против Израел се играше на неутрален терен во Дебрецин и фудбалските фанови уживаа во спектакл каков што ретко се гледа, но во лудилото со девет голови, на крајот Италијанците го имаа последниот збор и победија со 5:4.

Израел водеше со 1:0 и 2:1, потоа се враќаше од негатива од 2:4 и во финишот израмни на 4:4, но сепак „аѕурите“ имаа одговор за тоа и во судиското продолжение постигнаа гол за 5:4.

– Ова беше како фудбалско убиство, ова е најлудиот меч од кој сум бил дел како тренер. Немам видено вакво нешто во мојата тренерска кариера, но ова е проблем за мене, а не за играчите. Ако сакаме да изградиме одреден стил, мораме да бидеме подобри од ова. Бевме луди што систематски одевме во напад кога водевме со 4:2, тоа е она што го чекаше Израел. Тие ни нанесуваа штета со секоја контра, а ние им ја олеснивме работата.

– Ние сме еден луд тим во овој момент, исто така сме и многу ранливи и тоа се виде со смешните голови кои ги примивме. Момците го знаат тоа, но тоа е проблем кој ќе морам да го решам јас. Добра работа е што играчите одговорија на секоја шлаканица која ја добија во лице, но не смееме да дозволиме да примаме такви смешни голови како на овој меч, – изјави Гатузо.