Исак: Луѓето ја немаат комплетната слика за трансферот во Ливерпул

Дерби

09/09/2025

13:57

335

Големина на фонт

а а а

Александер Исак беше инволвиран во најголемата трансфер сага во летниот преоден рок, драма која на крајот заврши со очекуван епилог и негова преселба во Ливерпул.

Исак одбиваше да тренира со Њукасл и инсистираше да направи трансфер, потег кој сигурно нема да биде заборавен од навивачите на „страчките“, но како и секогаш, секоја приказна има две страни и Швеѓанецот најави дека во иднина ќе го сподели својот дел од ситуацијата низ која помина и која донесе нервоза како кај него така и кај клубовите и фановите.

- Секој ја нема комплетната слика, но тоа е нешто за друг ден. Тоа е дел од фудбалот. Не можам да контролирам сè што е кажано или напишано, но ми е мило што станав играч на Ливерпул. Тоа е она што го сакав и сум среќен поради тоа.

- Има многу за дискусија и може да се дискутира долго време. Беше едукативно и сум задоволен од конечниот резултат. Среќен сум и горд што сум играч на Ливерпул. Не сакам премногу да навлегувам во детали или да зборувам за таа ситуација. Ова е затворено поглавје, но никогаш не сум имал никакви проблеми, - порача Исак.