Фердинанд издвои еден играч на Јунајтед: Ми се допаѓа, може да биде се што сака!

Дерби

09/09/2025

14:50

482

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд е легенда на Манчестер Јунајтед, играч кој остави голема трага на „Олд Трафорд“ и како човек посакува што побрзо да го види клубот на старите победнички патеки.

Новата сезона започна, Јунајтед одново покажува две или повеќе лица, има добри и лоши моменти и минути и останува нејасно во кој правец ќе се движи натпреварувачката 2025/2026.

Времето ќе покаже што „црвените ѓаволи“ можат да направат, а Рио со одбрани зборови издвои еден фудбалер и тоа дефанзивецот Лени Јоро.

- Го сакам. Не знам која му е границата, но може да биде се што сака. Нему му се потребни деловите околу него за да му помогнат како мало дете, но мислам дека тој има јадро на сите вистински особини за да биде врвен централен дефанзивец и ќе биде затоа што и тој сака да биде.

- Тој е вреден и посветен, но му треба и време, - смета Рио.