Битола, градот под Пелистер по цели три децении повторно ќе ја пречека македонската репрезентација и тоа младата до 21 година која ќе ги одмери силите со Италија во квалификациите за Европското првенство.
Средбата е закажана за денеска од терминот од 18:15 часот на стадионот „Петар Милошевски“, а ФФМ на Македонија испрати апел до навивачите да дојдат што порано, да понесат знаме, шал или дрес и да дадат голема поддршка за селекцијата која ја предводи Горан Станиќ.
🇲🇰 ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на денешниот натпревар Македонија (21) - Италија (21) на...
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Tuesday, September 9, 2025