Ди Марија за Меси: Разговарав со него…

Дерби

09/09/2025

11:55

319

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси долго време е капитен и лидер на аргентинската репрезентација, репрезентација која ќе го брани трофејот на Светското првенство закажано за наредната година во САД, Канада и Мексико.

Меѓутоа останува дилема дали Меси ќе биде дел од составот на „гаучосите“ за овој настан. Напаѓачот пред неколку дена изненади со изјавата дека не е сигурен дека ќе игра на мундијалот што донесе доста реакции и коментари од проста причина што се очекуваше Лео да го има последниот репрезентативен танц токму на СП во 2026 година.

Последната одлука ќе ја донесе самиот тој, а неговиот добар пријател Анхел Ди Марија верува дека истата ќе донесе голема радост кај фановите.

- Лео сè уште не се пензионирал. Тоа ќе биде последниот квалификациски натпревар, но сè уште има Светско првенство и сигурно ќе има уште еден натпревар потоа. За мене, тоа не е збогум. Затоа не отидов. Разговарав со него. Среќен сум што е сè уште тука, - истакна Ди Марија.