Касано: Запомнете што сум кажал, Модриќ може да стане резерва кај Алегри

Дерби

05/09/2025

13:38

534

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ стави крај на својата историската етапа во Реал Мадрид и го засили Милан, а веќе на стартот на својата авантура во Серија А, Хрватот ја подели и првата асистенција.

Милан го победи Лече на гостувањето по шокантниот старт и поразот од Кремонезе, но во ситуација кога Ардон Јашари има повреда која ќе го оддалечи од терените на подолг период, се очекува Модриќ да биде форсиран и да има уште поголема минутажа.

Хрватот играше како старет во друштво на Фофана и Лофтус Чик, но Антонио Касано предупредува дека неговиот сигурен статус на стартер може да се промени со пристигнувањето на Адриен Рабио.

– Алегри е оној кој пристискаше за пристигнување на Рабио, тој е негов човек и го познава од Јувентус. Рабио е играч кој може да направи разлика во Серија А, слично како Лофтус-Чик. Тоа се тип на играчи кои му се допаѓаат на Алегри, а гледајќи долгорочно, Рабио може да го исфрли Модриќ од стартната постава, нешто што во минатото се случи со еден Пирло.

– Алегри го посакуваше Рабио, тој е негов човек и сигурен сум дека во Серија А ќе игра добро. Бидете внимателно и запомнете што сум кажал. Модриќ е тип на играч кој обично не му се допаѓа на Алегри. Според мене, Модриќ мора да игра секогаш, тимот треба да почне со него, па сите останати….. Но, Алегри има свои идеи и запомнете што сум кажал, – вели Касано.