Мастантуоно: Трипати му се извинив на Меси, сакав да се убијам

Дерби

05/09/2025

14:23

584

Големина на фонт

а а а

Франко Мастантуоно доби шанса да биде дел од стартната постава на Аргентина и за првпат заигра покрај својот идол, но во една ситуација, наместо да му додаде на Лионел Меси, реши сам да ја завршува акцијата.

Капитенот на Аргентина на крајот постигна два гола против Венецуела и сигурно нема да го памети потегот на младиот фудбалер на Реал Мадрид, но Мастантуоно по натпреварот откри дека дури трипати му се извинил на Лео на теренот.

Меси рано утрово го одигра последниот натпревар на аргентинско тло во еден квалификациски циклус, а тој сосема очекувано беше тема на разговор и по последниот судиски свиреж.

– Сакав да се убијам, но Меси ја разбра мојата намера. Му се извинив на Меси за акцијата во три наврати…..

– Беше неверојатно да играм заедно на теренот со Меси, тоа беше мојот животен сон и сега се оствари. Тоа што истото се случи на стадионот на Ривер Плата ја прави работата уште поневеројатна за мене, – вели талентираниот Аргентинец кој ова лето направи трансфер од Ривер во Реал Мадрид.