Касемиро направи глупост пред очите на судијата, но избегна црвен картон

Дерби

05/09/2025

14:21

296

Големина на фонт

а а а

Касемиро постигна гол против Чиле на отворањето на мечот и истиот беше прославен од голем дел од фановите на „Маракана“, но брзо стана јасно дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед бил во офсајд и почетната радост беше стопирана.

Бразил во продолжение сепак го надигра гостинскиот тим и на крајот славеше победа од 3:0, па иако Касемиро се покажа како играч кој може да биде одличен коректор во системот на Карло Анчелоти, мора да се признае да доби и поштеда во една ситуација.

Касемиро се врати во бразилската репрезентација токму по инсистирање на Анчелоти, а бидејќи станува збор за тренер кој многу добро го познава, играчот за врска точно знае и која е неговата задача на теренот.

На утринскиот натпревар, Касемиро стопираше голем број акции и беше извонреден во деструктива на играта, но во една ситуација избегна и црвен картон.

Касемиро направи глупост и непотребно нагазна противнички фудбалер пред очите на судијата, па и покрај тоа што имаше елементи за исклучување, фудбалерот на Јунајтед мина само со жолт картон.