Инфлуенсерот Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс, директно од Америка ни одговори на прашањето „Кое лето засекогаш ќе го памети?“.
Летото 2022-ро е за него незаборавно, бидејќи тогаш неговите родители за првпат го посетиле во Америка. Многу емоции, многу незаборавни моменти, многу спомени создадени токму таа година, тоа лето, кога неговите најсакани конечно биле на исто место, на ист континент, еден до друг.
„Моментите кога ги гледав колку беа среќни додека ги искусуваа убавините на Америка, шопинг, капење во океанот, ловењето ајкули - се непроценливи. Тоа беа најјаките моменти - да се радувате сите заедно, фамилијарно, на сите убавини што ги нуди еден друг континент“, ни открива Дарко.
Инаку, Дарко долги години живее и работи далеку од својата татковина, заедно со неговата сопруга Даниела и секогаш истакнува колку му недостасуваат семејството и неговите најблиски пријатели од Македонија.
Автор: Ц.Н.