Пикси го посети Пешиќ и му донесе орасници и пита од вишна, реакцијата на Кари е легендарна

Дерби

05/09/2025

11:22

306

Големина на фонт

а а а

Две српски репрезентации ќе имаат своите натпревари во Рига во текот на утрешниот ден, а пред да дојде ред за фудбал и кошаркар, Драган Стојковиќ Пикси одлучи да го посети кошаркарскиот камп на своите сонародници.

Селекторот на српската фудаблска репрезентација ги посети српските кошаркари и одработил специјална средба со Светислав Пешиќ, но посебно успеал да го воодушеви со своите подароци.

Пикси му донел орасници, домашна пита од вишна и кокта на својот славен сонародник, по што им посака среќа на сите во националниот тим пред нокаут фазата која следи на Евробаскетот.

Пешиќ имаше посебно интересна реакција кога ги здогледа орасниците и остана воодушевен од подарокот на Пикси, а притоа се заблагодари на посетата во пресрет на мечот со Финска во осминафиналето.

– Почестени сме што дојдовте да не посетите тука, што ни дадовте малку сила и поддршка. Ние ви посакуваме само едно, да бидете срќени после секој натпревар. Во Србија најважно е да се победува, нема место за пораз и нерешено, а можеби тоа е и навистина добро, – изјави популарниот Кари.